Поврзи се со нас

ИЗБОРИ 2024

Манифестот на СДММ презентиран во Гостивар: „Подобри услови на младите тука, во сопствениот дом“

Објавено

на

Во Гостивар попладнево се одржа трибина со презентирација на Манифестот на Социјалдемократската младина на Македонија, документ кој содржи столбови врзани со условите и перспективите за младата популација.

„Документот претставува заложба за безусловно почитување на човековите права за сите граѓани, за еднакви можности, за создавање поинклузивно, посолидарно и поеднакво општество. Се залагаме за универзален минимален приход на секоја индивидуа, да може да се осамостои, да се чувствува сигурен. За сега, немаме одредено конкретна сума на тој приход, но кога ќе одлучиме дека треба да се имплементира ќе биде одредена и од потрошувачката кошница и од проценката во однос на тоа колку средства се потребни за еден човек да опстои. Се темелиме на плата за живот, а не плата за преживување, што значи покривање на сите неопходни трошоци, сите сметки, но и простор за култура, спорт, чове да може да си обезбеди два пати годишно одмор, и 10% од таа плата да може да ја зачувува настрана.” , кажа меѓу другото претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.

Марко Михаилоски.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи се осврна на економските мерки кои се совпаѓаат со принципите во Манифестот истакнувајќи:

„Треба да зборуваме и веруваме во солидарност, тоа е единствениот начин како нашето општество ќе го направиме поправично. Можеби во изминатите седум години не воведовме прогресивно оданочување, но во новата програма велиме ќе имаме нула персонален данок на личен доход на сите приматели на минимална плата, затоа што сметаме дека тие што добиваат најмалку треба да плаќаат помалку на дражвата. И затоа веќе првата година од новата влада ќе воведеме данок на луксуз и данок на богатство“.

Фатмир Битиќи

Носителката на пратеничката листа во Изборната единица 6, Славјанка Петровска, кажа дека она што го бараат младите ќе се исполни, за тие да останат да живеат и работат во својата држава.

„Она што го напишаа младите во Манифестот, ќе го исполниме, затоа што тоа е нашата втора стратешка определба, а тоа е членство во ЕУ. Додека некои кукавички бараат изговори и се кријат зад минатото, ние сме подготвени да ја донесеме и таа храбра одлука, затоа што искрено и од се‘ срце сакаме младите да останат во државата, тоа не можеме да го направиме ако даваме изговори, а не носиме одлуки. Токму затоа што ги донесовме најтешките одлуки, ги поставивме темелите за тоа што следува во иднина. А во иднина не‘ чекаат многу убави работи, рече Петровска.

Славјанка Петровска

Пред присутните се обрати и коносителот на листата Агрон Демири, кој подвлече: „Ние младите веруваме во фер, демократско, инклузивно, едно општетсво за сите, кое СДСМ го докажува. Кога ја гледате листата во Шеста изборна единица има повеќе млади, идни носители на политиките. И за споредба, носителката на ВМРО-ДПМНЕ и нашата носителка ако седнат една до друга, не можат ниту да се измерат, затоа што нашата ностелка седи до НАТО Алијанса, седи до војници, а противничката само кажува лаги., невистини и за трет пат да ги досадува гостиварчани.“.

Агрон Демири

Кандидатката за пратеник на третата позиција на листата, Ема Нешковска во своето излагање нагласи дека СДСМ е партија која секогаш го слуша гласот на младите.

„Ме радува тоа што денес со вашата присутност потврдувате дека нема откажување од иднината. Што гледам млади во толку голем број кои веруваат во концептот и во визијата за напредок на државата, за подобар функционален систем, животен стандард, за подобри услови на младите тука, во сопствениот дом. Од иднината не се откажуваат храбрите чуѓе кои носат мудри одлуки во тешки, но исклучително важни времиња за напредок на државата. СДММ не е само обичен поилитички подмладок, тоа е еден цел свет, тоа е царвство во кое царува вечното другарство, коешто почива на искреност, доверба, чесност почитување. СДММ им овозможуа на младите да се развиваат, да созреваат, да учат и да учествуваат во креирањето на сите важни општествено политички одлуки кои пред се‘ се однесуваат на нив младите, но и на сите целата држава. Од друга страна СДСМ е партија која докажува дека го слуша гласот на младите, ги почитува нивните препораки, предлози и сугестии“, истакна Нешковска.

Ема Нешковска

СДСМ вечерва отвори и изборен штаб во населбата Дутлок.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 5 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 8 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 8 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 9 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 10 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 10 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена