Бујар Oсмани со резервен план за по изборите: планирал да се сели од Македонија во Сараево?

Бујар Oсмани со резервен план за по изборите: планирал да се сели од Македонија во Сараево?

Се подготвува ли претседателскиот кандидат на ДУИ Бујар Османи да се сели од Скопје во Сараево? Се погласни се шпекулациите дека министерот за надворешни работи, очекувајќи дека ќе испадне од игра уште по првиот круг од изборите, планира да се кандидира за Генерален секретар на Советот за регионална соработка и да се збогува со Македонија.

За таа цел, неговото МНР преку официјален меил го одложила рокот за доставување на кандидатурите од другите држави за 25 април, само еден ден по првиот круг на претседателските избори. Инаку, оригиналниот рок беше на 25 март.

Кандидатурите се поднесуваат во Македонија затоа што оваа година нашата држава претседава со процесот за соработка на Југоисточна Европа, а дел од активностите е токму изборот на нов генерален секретар. За да поднесе кандидатура треба да има подршка од владата, па затоа датумот 25 април му одговрата затоа што премиер тогаш сеуште ќе биде неговиот сопартиец Талат Џафери.

Во моментов, функцијата е во рацете на Мајлинда Брегу чии мандат истекува годинава, а беше избрана 1 јануари 2019 година. Изборот на нов шеф на процесот го прават министрите за надворешни работи на Процесот.

Засега нема одгвоор од кабинетот на Османи во врска со овие информации.

За ваквите шпекулации се огласија и од албанската опозиција. Коалцијата ВРЕДИ смета Османи попусто прави вакви планови, затоа што тие се неостварливи.

Овој план нема да му успее на Бујар. Тој може да ја поднесе својата кандидатура како губитник на 25 април, но новата влада на движењето ВРЕДИ(ВЛЕН) нема да ја поддржи неговата номинација до јулскиот одбор на Советот за регионална соработка. Не се сомневам дека неговата номинација ќе биде блокирана од Владата на Косово, напиша на социјалните мрежи Арбен Фетаи – Шефот на кабинетот на Арбен Таравари.

Инаку Регионалниот совет за соработка вклучува учесници од Југоисточна Европа (ЈИЕ), членови на меѓународната заедница и донатори на теми кои се важни и од интерес за ЈИЕ, со цел да се промовира и унапредува европската и евроатлантската интеграција на регионот. Советот дејствува во рамките на општите политички насоки поставени од Процесот за соработка во Југоисточна Европа.Иницијативата брои 13 членки и покрај Македонија, дел од неа се и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

https://youtu.be/eKW2ieTidbI

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста