Стопанска банка АД – Скопје веќе постави 60 нови банкомати на кои клиентите можат да уплаќаат готовина во било кое време, идентификувајќи се со нивните платежни картички на чија сметка се евидентира уплатата.

Користењето на услугата за уплата на готовина е бесплатно за клиентите на Банката, едноставно е и се реализира во само 3 чекори. Може да се уплаќаат исклучиво денари и до 100 банкноти одеднаш.

Бесплатни уплати можат да прават и фирмите (правните лица) кои се евидентираат како уплата на дневен пазар, а се вршат преку Business картичка која доколку ја немаат се издава во брза и едноставна постапка преку филијалите на Стопанска банка.

Средствата се веднаш на располагање доколку уплатата се прави со дебитна картичка на физичко лице. За кредитните картички и за уплатите од правни лица со помош на бизнис картичките, уплатените средства се достапни во рок од 1 час од уплатата ако таа е извршена во работното време на платниот промет, во спротивно средствата ќе бидат достапни следниот работен ден.
Со можноста за уплата на готовина на повеќе од 60 нови локации кои се достапни 24/7 Банката значително ги приближува своите услуги до клиентите и овозможува поголем избор и слобода.

Локациите на банкомати на веб страницата на Стопанска банка АД – Скопје се дополнително означени за банкомати со cash in функционалност. Дополнително, тие уреди се и видливо обележани за да се разликуваат од другите.
Најголемиот дел од банкоматите во филијалите ја имаат cash in функцијата па вработените банкарски службеници од филијалите ќе можат на клиентите полесно да им ги презентираат новите услуги.

Во градовите надвор од Скопје, банкоматите со можност за уплата (cash-in ATM-и) се наоѓаат во рамките на СБ филијалата, а дополнително во Тетово банкомат со Cash-IN функција има и во Веро Џамбо маркетот.
Во продолжение е листа на банкоматите во Скопје: