Картата на Европа открива ВО ОВАА ЗЕМЈА ЖИВЕАТ НАЈУБАВИТЕ И НАЈЗГОДНИТЕ МАЖИ: За нив нема конкуренција

Во која земја на светот живеат најатрактивните мажи? Картата на Европа објавена на Твитер графички го прикажува мислењето на жителите на различни земји и каде според нив живеат најубавите мажи.

Со оглед на тоа што земјите се поделени по боја, може да се забележи дека доминантна боја на картата е жолтата, што ја означува Италија, а мажите од оваа земја важат за најатрактивните во поголемиот дел од Европа.

Италијанците се најатрактивни за Шпанците, Французите, Британците, жителите на скандинавските земји и за луѓето од околните земји – Србија, Хрватска и Црна Гора, вклучително и Босна и Херцеговина.

Интересно е што Италијанците ги сметаат Швеѓаните за најпривлечни, а Грците, Бразилците и мажите од Шпанија беа меѓу најатрактивните на картата.

Дополнително, интересно е и тоа што според минатогодишното истражување, Италија била рангирана само на осмото место на најатрактивните нации во светот, додека Индијците се на прво место.

На второ место се Соединетите Американски Држави, а на трето Шведска. Рангирањето е направено со анализа на илјадници објави на Reddit за атрактивни нации. Анализирани се сите објави на Редит во кои се споменуваат различни епитети како „атрактивна“, „убава“, „згодна“. Потоа бил составен резултат користејќи го бројот на објави, коментари и гласови.