Росоман ги повика земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури
- - Општина Росоман ги повикува сите кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода што ја зафати територијата на општина Росоман во периодот од 17 до 20 март 2025 година, да ја пријават штетата на своите насади во просториите на Општината, се вели во јавниот повик.

Росоман, 2 април 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов попладнево објави јавен повик, со кој се повикуваат земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури, што го зафатија регионот пред неколку дена.
- Општина Росоман ги повикува сите кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода што ја зафати територијата на општина Росоман во периодот од 17 до 20 март 2025 година, да ја пријават штетата на своите насади во просториите на Општината, се вели во јавниот повик.
Покрај барањето, секој барател на обесштетување, треба да достави копија од лична карта, изјава за веродостојност на податоци, изјава за согласност за користење на лични податоци, трансакциска сметка. Потребен е и доказ за основ на користење на земјиштето за насадите, се мисли на решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ, имотен лист, или договор за закуп заверен на нотар.
Пријавувањето е од утре, до 18 април.
Се напоменува дека во процената нема да се земат во предвид насади што се помлади од три години, како и насади што не се обработуваат. Исто така нема да се врши проценка на насади што се веќе осигурани за 2025 година, во осигурителни компании. свд/са/
Фото : МИА