Супермен го чека своето прво дете: Тој е „ Холивудски лепотан“ и „најзгодниот актер на светот“ 

Познатиот актер и срцекршач наскоро за прв пат ќе стане татко.Британскиот актер Хенри Кавил (40), ѕвезда на филмовите „Супермен“ и серијата „Вештерот“, кој важи за еден од најпосакуваните холивудски актери, го чека своето прво дете со својата девојка Натали Вискузо . Тој ја потврди радосната вест на премиерата на филмот „The Ministry of Ungentlemanly Warfare“.“Многу сум возбуден поради тоа. Натали и јас сме многу, многу возбудени”, изјави актерот за Access Hollywood.Двојката е во врска три години, а прв пат заедно се појавија во јавноста на црвениот тепих на премиерата на филмот „Enola Holmes 2“ во 2022 година.Натали работи како телевизиски директор во Холивуд и се појави во хитот на MTV „My Sweet 16“.Нему му беа доделени титулите за најпосакуван ерген и најзгоден актер на светот, па драги дами, уживајте во неговите фотографии и погледнете како изгледа неговата избраничка.

Пронајдете не на следниве мрежи: