Манекенка прави проблеми во соблекувалната на Барселона

Елиминацијата на Барселона од ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на Шампионите не помина добро во соблекувалната на каталонскиот тим, открива шпанскиот медиум „Марка“ кој за виновник за проблемите во тимот ја наведе макенкенката и сопруга на германскиот репрезентативец Икај Гундоган, Сара Афрауи.

Гундоган го критикуваше потегот на Роналд Араухо од првиот дел од натпреварот кога при водство од 1-0 направи прекршок за црвен картон оставајќи во својот тим на цедило па предноста од 3-1 се претрвори во кошмар.

„Многу сум разочаран бидејќи многу лесно дозволивме да бидеме поразени. Јас да сум во таа ситуација би го оставил противникот да игра еден на еден со голманот па дури и да постигне гол“, прокоментира Германецот.

Оваа изјава не му се допадна на Араухо, а ниту пак на Кунде и Роберто кои застанаа во одбрана на Араухо велејќи дека победуваат и губат сите заедно. Набргу потоа се огласи и сопругата на Гундоган, спомената Афрауи која напиша:

„Овој човек крваво работи. Во фудбалот размислува како да биде подобар и секогаш да дава се за тимот. Неговиот менталитет е „трибл“ менталитет“, нагласувајќи ја претходната сезона кога со Манчестер Сити освои три големи трофеи.

Се вчитува...