,,Секогаш ќе останеш во нашите срца, драг Елдон…” Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин.

– Со длабока тага ја примивме горчливата вест за смртта на нашиот ученик, нашиот многу сакан и почитуван матурант, Елдон Шабани. Им изразуваме сочувство на неговите родители, семејството и сите негови пријатели. Се молиме на Семоќниот Бог на нашиот матурант Елдон Шабан, да му биде даруван Рајот и да му даде трпение на семејството во овие многу тешки моменти… Секогаш ќе останеш во нашите срца, драг Елдон., се вели во објавата на Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово.

СВР Тетово пред неколку дена соопшти дека е пријавено дека 18-годишно момче било пронајдено мртво во неговиот дом.

– На 13.05.2024 година околу 18,00 часот во СВР-Тетово, од Ургентен центар на Клиничката болница Тетово, пријавено е дека во болница е донесено лицето Е.Ш. (18) од Тетово. Според пријавата, неговата мајка и сестра го пронашле без свест во бањата во нивната семејна куќа.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, соопшти полицијата.