Едвардс: 100 отсто сум подобар играч од Дончиќ и Шej

Едвардс-100-отсто-сум-подобар-играч-од-Дончиќ-и-Шej.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс, има високо мислење за неговата игра, дури тврди дека е подобар кошаркар од Лука Дончиќ и Шеј Гилџис-Александер.

Едвардс ова го изјави ова во интервју со Стивен Смит.

Едвардс игра феноменално оваа сезона, тој е најдобриот играч на Тимбервулфс, екипа која е лидер на Западната конференција, а за многумина е еден од најдобрите во лигата.

„Чувствувам дека сум подобар играч (од Лука и Шеј), 100 отсто“, изјави Едвардс, кој оваа сезона има просек од 26,3 поени, 5,2 скока и 5,3 асистенции по натпревар.

Дончиќ, кој оваа сезона претендира да ја освои наградата МВП, белижи речиси трипл-дабл учинок во тековната сезона: 34,2 поени (прв во лигата), 8,8 скока и 9,6 асистенции (трет во лигата).

Што се однесува до лидерот на Оклахома ситиТандер тој бележи просечни 31,1 поени, 5,5 скока и 6,6 асистенции.

Интересно, сите тројца играа на претходното светско првенство и сите беа сите тројца беа лидери во своите репрезентации: САД; Словенија и Канада.

Едвардс имаше просек од 18,9 поени, 4,6 скока и 2,8 асистенции за Американците, за Канада блескаше Гилџис-Александер со 24,5 поени, 6,4 скока и исто толку асистенции по натпревар, додека Дончиќ ги предводеше Словенците со 27 поени, и 7,1 скокови и 6,7 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK