Изјави дека ќе го напушти Лацио, па веднаш му е одземена капитенската лента

Со голот на Луис Алберто, Лацио вчера освои важни три бода во дуелот со Џенова. Токму Луис Алберто минатата недела предизвика бура меѓу навивачите на Лацио, по изјавата дека ќе си оди од Лацио и дека не сака повеќе да земе ниту евро од овој клуб.

Токму тие најави го чинеа одземање на капитенската лента. Чиро Имобиле, првиот капитен на Лацио беше повреден, а неговата замена Алберто не ја носеше капитенската лента, па капитен стана Марушиќ.

„Ја бирам својата екипа во согласност со играчите кои ми се достапни. Алберто играше и погоди. Јас одлучив Марушиќ да биде капитен, и мислам дека одлуката беше исправна. Сите носат одлуки за себе, но екипата мора да биде на прво место. Ќе носиме вистински одлуки за екипата. Лацио и натаму има добри играчи, и така ќе биде и следната сезона. Квалитетот не е проблем, туку менталитетот“, изјави Марушиќ.

Се вчитува...