• среда, 15 мај 2024

Санду: Молдавија сака да го реинтегрира Придњестровје пред членството во ЕУ

Санду: Молдавија сака да го реинтегрира Придњестровје пред членството во ЕУ

Осло, 7 мај 2024 (МИА) – Претседателката на Молдавија, Маја Санду денеска изјави дека Кишињев се стреми да ја реинтегрира самопрогласената Придњестровска република, поддржана од Русија, пред земјата да стане членка на Европска Унија.

- Сакаме да ја подготвиме земјата за интеграција во ЕУ до 2030 година. Идеално, реинтеграцијата на земјата (Придњестровје) ќе се случи пред пристапот (на Молдавија) во ЕУ, и ние работиме за тоа, посочи Санду, која е во посета на главниот град на Норвешка, Осло.

Таа додаде дека тоа не зависи само од Молдавија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан