Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Се санираат последиците од големиот пожар во угостителскиот објект во Градскиот пазар

Охрид, 28. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – При крај се градежните зафати за комплетна санација на последиците од големиот пожар во објект во Градскиот пазар во Охрид.

Уредена е внатрешноста на објектот, која беше скоро комплетно уништена, а санирани се и околните објекти, апартманите на горниот кат и влезот во Градскиот пазар.

Инцидентот се случи ноќта помеѓу 9-ти и 10-ти март 2024 година во угостителски објект во склоп на Градскиот пазар во Охрид, при што беше причинета поголема материјална штета.

СВР Охрид го расчисти случајот и поднесе кривична пријава против 20-годишниот М.У. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– На 10-ти март 2024 година, во 03:40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката, стои во официјалната информација на СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука