Top Sport

(Видео) Марјановиќ намерно промаши слободно фрлање, навивачите добија бесплатно пилешко

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ, на натпреварот меѓу Хјустон и ЛА Клиперс потврди дека е еден од најголемите шоумени во НБА лигата.

Во меч без натпреварувачко значење, во кој на крајот Хјустон победија со 116:105, Марјановиќ на оригинален начин им излезе во пресрет на навивачите.

Тој го промаши првото слободно фрлање, а Клиперс претходно објавија реклама дека навивачите ќе добијат бесплатно пилешко ако противнички играч ги промаши двете слободни. Затоа Марјановиќ намерно го промаши второт и ги израдува гледачите.

Марјановиќ запиша вкупно 13 поени, осум, осум скока и две асистенции. Инаку оваа сезона тој настапи на само 13 натпревари, имаше просек од 2,5 поени и 1,8 скокови за четири и пол минути на теренот.

Scroll to Top