Вести Свет

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

,,Израел минатата ноќ започна копнена офанзива врз Рафа и покрај предупредувањата да не го прави тоа, што дополнително ќе ја влоши катастрофалната хуманитарна состојба во Газа.”, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, пред почетокот на заседание во Брисел.

Тој нагласи дека претходно Хамас се согласил на предложениот план за прекин на огнот во Газа, но  сепак бил одбиен од страна на Израел, по што се случи израелската офанзива во Рафа.

,,Не можам да ја замислам хуманитарни загуби што ќе бидат предизвикани. Јасно е дека со продолжувањето на војната ќе  настане нова катастрофална хуманитарна криза, поголема отколку што е сега. Останува да видиме како да се справивме со последиците од оваа ситуација.”, истакна Борел.

Тој најави дека за политичката димензија на најновите случувања на Блискиот Исток ќе стане збор на следниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ, без да прецизира кога ќе се одржи.

Тој најави дека на денешната средба ќе стане збор и за начините за поддршка на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток, но и  за обезбедувањето средства за реализација на Планот поврзан со Украина, како и за случувањата во Судан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе