Поврзете се со нас

НБА

Пет кандидати: Кој може да го замени Хем на клупата на Лејкерс

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Лос Анџелес Лејкерс иако не беше надигран доживеа елиминација од Денвер Нагетс во првата рунда на плејфот во западната конференција.

Нагетс е екипа која не им одговара на „езерџиите“ и тоа се потврди и годинава без разлика на тоа што Лејкерс водеше во најголемиот дел од натпреварите на крајот беше затворен со 4-1 во серијата, неуспех кој дефинитивно ќе донесе големи промени во славната франшиза од Калифорнија.

Веќе е повлечен првиот голем потег, отпуштен е тренерот Дарвин Хем кој во две години имаше учинок 90-74 и му донесе трофеј на тимот во НБА Купот, новото натпреварување.

Кој ќе биде неговиот наследник останува да видиме, а според медиумите пет имиња се во игра од кои најмногу тежи Мајк Баденхолцер.

Поранешниот тренер на Перо Антиќ во Атланта Хокс беше шампион со Милвоки Бакс во 2021 година и има учинок 484-317.

Во игра е и искусниот Тери Стотс со резултат 517-486, потоа Кени Еткинсон (118-190), поранешниот играч и сегашен предводник на ЛА Клиперс, Тајрон Лу и Џеј-Џеј Редик кој нема никакво тренерско искуство, ама е многу актуелен, активен со анализи, коментари на се што се случува во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни