Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка и направиле абортус: Ужас во болница во Прага

Здравствен експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера

Бремена жена која дошла на редовен преглед во болница во Прага направила абортус откако лекарите не сфатиле дека се работи за погрешен пациент.

Во трагичен инцидент претходно оваа недела, мешањето меѓу две странци во Универзитетската болница Буловка во Прага 8 резултираше со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба.

Здравствен експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.

Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколози и анестезиолози ја помешале со друга трудница, на која и била закажана киретажа (метод на абортус).

Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка и направиле абортус.

„Министерството за здравство изразува длабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онджеј Јакоб во соопштението за печатот во четвртокот.

„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните беа разрешени од нивните должности“, додаде тој.

Самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ соопшти дека е подготвена да плати отштета.

Според чешките медиуми и двајцата пациенти се странски државјани кои живеат во Чешка. Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.

Пронајдете не на следниве мрежи: