Романо: Ливерпул започна преговори со еден од главните кандидати за тренер

од Vladimir Zorba

ФАБРИЦИО РОМАНО пишува дека Ливерпул започнал преговори со тренерот на Феенорд Арне Слот (45) откако Јирген Клоп објави дека ќе ги напушти „црвените“ на крајот од сезоната. „Слот веќе имал директен контакт со Ливерпул како потенцијален кандидат за замена на Клоп“, пишува Романо и додава:

„Договорена е уште една средба, а тој е еден од главните кандидати. Рубен Аморим од Спортинг Лисабон не е во преговори. Слот во својата кариера го водеше АЗ во сезоната 2019/2020, а од 2021 година е тренер на Феенорд. Со клубот од Ротердам минатата сезона ја освои шампионската титула“.

Во својата кариера играше за ФК Цволе, НАЦ Бреда и Спарта Ротердам. Важи за еден од најталентираните млади тренери во Европа. Феенорд го водеше во 146 натпревари. Има 94 победи, 29 нерешени и 23 порази.

Слични содржини