Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Петар Маркоски е најследениот Македонец на Instagram: Го маѓепса светот со својата виолина

Охрид, 29. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Петар Маркоски е момчето кое благодарение на својот шарм и виртуозноста на виолина на својот Instagram профил брои два милиони следбеници.

Можеби ќе се сетите на неговите настапи од времето на „М2 Потрага по ѕвезди“, а можеби пак го препознавате токму по неговите волшебни видеа на Instagram, пишува zenskimagazin.mk.

Ако најголемите балкански ѕвезди Здравко Чолиќ кој има 108 илјади следбеници, Дино Мерлин кој има 282 илјади следбеници, Цеца која има 1.1 милион следбеници, Северина која има 1.4 милиони следбеници, Жељко Јоксимовиќ кој има 145 илјади следбеници, Лепа Брена која има 464 илјади следбеници – нашиот Петар има точно 2 милиони следбеници на Instagram. Уште малку ќе ја стигне и најследената позната личност на Балканот – Јелена Карлеуша која има 2.4 милиони следбеници, а со ваква експанзија веруваме дека ќе стигне и до бројките на најпознатиот хрватски виолончелист Стјепан Хаусер кој прави слични видеа и има 4 милиони следбеници на Instagram.

Петар е заљубен во виолината, но и во неговата сопруга Марија за која вели дека му е неизмерна поддршка во секој дел од животот.

За музиката, за успесите, за љубовта, како и за идните планови, прочитајте повеќе во интервјуто за Женски Магазин. (Крај)

извор: zenskimagazin.mk фото: zenskimagazin.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука