Град Скопје се уште нема прскано против комарци – Граѓаните се жалат и на цените на препаратите за заштита

Град Скопје се уште нема прскано против комарци – Граѓаните се жалат и на цените на препаратите за заштита

Додека Арсовска трча на кампања за пратеник, во Град Скопје нема кој да спроведе тендер за прскање против ларви од комарци. Како причина за 725.000 мртви луѓе годишно во светот, комарецот е човеков непријател број еден. Инсект, кој во македонскиот главен град, веќе со години е без соодветна контрола. За време на претходната градска администрација, под раководната палка на градоначалникот Шилегов, локалната власт често чекаше ситуацијата да ескалира, а јавноста да зоврие, за да се преземат мерки за заштита. Откако управувањето со градот го презема Данела Арсовска, јавноста не виде подобрување.

Доказ дека се доцни со прскањето против комарци се нивните природните живеалишта. По кратка проверка, повеќе од очигледно е дека ларвите веќе се преобразуваат во возрасни, крилести инсекти.

Градот Скопје минатата година, првата фаза од дезинсекцијата ја започна на 13 април. Годинава, веќе е мај а на терен не се случува ништо. Состојбата дополнително ја отежнува намалената куповна моќ на граѓаните и релативно високата цена на препаратите за лична заштита од овие инсекти. Скопјани велат, кога неодговорните градаски власти не си ја завршиле работата, секој посебено ќе се снаоѓа како знае и умее.

Алфа ТВ побара одговори за јавноста како од Град Скопје, така и од центарот за јавно здравје, за тоа, зошто се доцни со мерките против овие инсекти, но, оттаму не одговорија. Веројатно продолжениот викенд и излетите во градови и држави кои по одговорно се справуваат со овој проблем, прави надлежните кај нас да не се многу загрижени.

Комарецот е преносител на разни смртносни болести кај луѓето, како Маларија, Жолта треска, воспаление на мозокот, Западно нилска треска, која и кај нас е присутна, како и ред други. Во Македонија состојбата со овие инсекти дополнително се комплицираше кога во 2016 за прв пат се појави азискиот, Тигрест комарец. Инвазивен вид, кој ги зголеми трошоците за сузбивање на овие инсекти, бидејќи покрај авионско прскање, сега потребно е и земско, со поинакви препарати.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )