Џоли: Битката на Пит е злонамерна и несериозна

Анџелина Џоли продолжува да го критикува Бред Пит среде долга бракоразаводна битка, при што фокусот сега е ставен на сопственоста на нивната винарија Шато Миравал во јужна Франција.

Пит (58) ја обвини Џоли (47) дека го продала својот дел од винаријата со намера намерно да нанесе штета со тоа што влегла во продажба со тотален странец, и на тој начин го прекршила нивниот договор.

Според „Радар-онлајн.ком“, кој дојде до судските документи, Анџелина ги критикува тврдењата на Бред како „несериозни, злонамерни и дел од проблематична шема“. Истиот извор дознава дека нејзиниот адвокатски тим изминатава недела давал ажурирани информации.

Пит тврдеше дека и двајцата се согласиле да не го продаваат својот удел во имотот без меѓусебно одобрување бидејќи и двајцата се сопственици.

Во документите се додава: „Тврдењата на Пит дека тој и госпоѓа Џоли имале таен, непишан, неискажан договор за право на согласност за продажба на нивните интереси на имотот, директно се спротивни на писмената евиденција и, меѓу другите правни недостатоци, го прекршуваат Статутот за измами и јавни политики.“

Ова доаѓа откако неодамна повторно се појави е-пошта каде Џоли го објасни образложението зад нејзината одлука да го продаде својот дел од имотот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e