Макаби го преживеа неверојаниот финиш на Пао и дојде на една победа од фајналфор

Кошаркарите на Макаби Тел Авив во драматичен натпревар славеа со 85:83 против Панатинаикос во третиот меч од четвртфиналната серија во Евролигата и дојдоа само на една победа од пласман на завршниот турнир.

Израелскиот тим, кој своите мечеви како домаќин ги игра во Белград, води со 2-1 во победи против Панатинаикос, во серијата кој прв до три победи.

Макаби имаше контрола на резултатот цели 37 минути, водеше и со плус 18 (57:39), но Панатинаикос во финишот за две и пол минути направи серија 2:13 и на 42 секунди до крајот израмни на 83:83.

Во последниот напад, Лоренцо Браун беше фаулиран на две секунди до крајот на мечот, ги реализира двете слободни фрлања и му донесе победа на Макаби.

Џош Небо со 22 поени и девет скока беше најдобар кај Макаби, додека во редовите на грчкиот тим, Кендрик Нан даде 25 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести