Почнува кампањата за претседателските избори – седум кандидати ќе се борат за фотелјата во Вила Водно

Почнува кампањата за претседателските избори – седум кандидати ќе се борат за фотелјата во Вила Водно

Единство и одбрана на националните интереси, влез во ЕУ, лов на руски шпиони, уставни измени во пакет со нова рамка со ЕУ, да останеме или не во НАТО, да добиеме нов татко на нацијата, или да добиеме армија вооружена до заби. Во оваа насока ќе одат пораките на претседателските кандидати се до 22 април кога завршува кампањата. Седум кандидати за шеф на државата денеска и официјално ја започнуваат кампањата со која ќе се обидат да ја придобијат довербата на граѓаните – ќе се ветува многу, а кој ќе има можност да ги исполни ветувањата, јавноста ќе знае по 8 мај кога треба да се случи вториот круг на претседателските избори.Кандидатот број еден Стево Пендаровски од СДСМ барајќи втор мандат вети зајакната борба против криминалот и корупцијата и влез на Македонија во ЕУ.Кандидатката која, според сите анкети, има големи шанси да стане првата жена претседател, Гордана Силјановска-Давкова, на гласачкото ливче под реден број 2 – ветува дека ќе ја направи Македонија повторно горда и ќе застане во одбрана на националните и државни интереси.

Главниот фокус на кандидатите од албанскиот политички блок се уставните измени и влез во ЕУ. Кандидатот на ДУИ, Бујар Османи толку е насочен кон Европа што неговиот слоган не е Претседател на Македонија туку ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ. Кандидатот на коалицијата ВЛЕН ќе бара јасни гаранции од ЕУ дека по уставните измени нема да бидеме блокирани.

Кандидатката на Левица, професорката Биљана Ванковска  која смета дека Mакедонија не треба да биде дел од НАТО, најави дека ќе го врати достоинството на нацијата. Максим Димитриески од ЗНАМ смета дека на Македонија и треба нов татко на нацијата, додека Стевче Јакимовски од ГРОМ ќе ја зголеми техничката опременост на Армијата.

Претходно шест од вкупно седум кандидати за претседател на државата на 2 април потпишаа Кодекс за фер и демократски избори во Државната изборна комисија. Кодексот не го потпиша само кандидатот Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ но рчее дека ќе го почитува. Содржината на Кодексот е кандидатите да ги почитуваат сите закони, да не користат говор на омраза со цел избоите да бидат спроведени успешно и фер, за што ќе се залага и Државната изборна комисија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста