Тест: Откријте кое е вашето духовно животно и која е неговата лекција за вашиот живот!

Тест: Откријте кое е вашето духовно животно и која е неговата лекција за вашиот живот!

Иако многумина знаат за ангелите чувари, многумина не знаат дека секој од нас има свое духовно животно кое носи посебна порака за важните лекции што мораме да ги научиме во текот на нашиот живот.

Тест: Откријте кое е вашето духовно животно и која е неговата лекција за вашиот живот!

Во зависност од тоа во која недела од месецот сте родени, постојат одредени лекции што треба да ги научите додека растете во овој живот.

  • Слика бр. 1 - Прва недела: 1. - 7. во месецот

    Ако сте родени во првата недела од месецот, вашето духовно животно е моќната мечка. Луѓето со ова духовно животно имаат тенденција да поминуваат низ бранови со висока и ниска енергија. Може да забележите дека поголемиот дел од зимските месеци ги поминувате во хибернација, додека во лето сте максимално активни. Лекциите кои вашето духовно животно ви ги дава се следните:

    • Развијте ја својата сила и самодоверба
    • Научете како да преземете акција и лидерство и да се борите против неволјите
    • Користете ги вашите способности за исцелување за да си помогнете себеси и на другите
    • Научете да останете смирени во стресни ситуации
  • Слика бр. 2 - Втора недела: 8. - 14. во месецот

    Ако сте родени во втората недела од месецот, вашето духовно животно е грациозниот коњ. Луѓето со ова духовно животно имаат силен апетит за страст. Имате силна мотивација која ве води во текот на вашиот живот и добро ќе ви послужи кога проектите не одат според планираното или кога плановите ќе резултираат со контраефект. Вашето духовно животно ви ги дава следните лекции:

    • Научете да ги балансирате инстинктот и логиката
    • Научете да се движите грациозно низ тешките ситуации
    • Совладете ги вашите силни емоции и страсни желби
  • Слика бр. 3 - Трета недела 15. - 21. во месецот

    Ако сте родени во третата недела од месецот, вашето духовно животно е огромниот сокол. Луѓето со ова духовно животно имаат силна интуиција. Сакате да се повлечете и да ја погледнете големата слика пред да донесете брзи заклучоци. Ова се лекциите на соколот:

    • Научете како да ја зајакнете врската со духовниот свет
    • Изострете го вашиот фокус и дефинирајте ја вашата визија
    • Развијте посилно чувство за тајминг – верувајте им на вашите инстинкти
  • Слика бр. 4 - Четврта недела 22. - 31. во месецот

    Ако сте родени во четвртата недела од месецот, вашето духовно животно е интуитивниот елен. Луѓето кои имаат елен како духовно животно се многу чувствителни и интуитивни. Знаете како да се справите со предизвиците и што треба да направите за да ги надминете проблемите. Секогаш сте будни, се движите брзо и им верувате на вашите инстинкти во тешки ситуации. Лекциите на еленот се следните:

    • Научете да ја користите вашата чувствителност како извор на сила
    • Поврзете се со вашето внатрешно дете и развијте сочувство
    • Најдете време за себе за да закрепнете по стресните ситуации
    • Развијте ги вашите вештини за слушање и набљудување

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ви е потребно за мир и среќа.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар