Поврзи се со нас

Гостивар

Сестринството од манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска ги поканува верниците за достојно одбележување на манастирската слава

Објавено

на

Сестринството од манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска информира дека се е подготвено за достојно одбележување на манастирската слава и ги повикува верниците да бидат дел во оваа радост.

  • Минувајќи ги деновите на благословениот пост, се наоѓаме веќе на неговата средина, во која е забодено чесното дрво на Крстот Христов за поклонение, за да нацрпиме сила за до крајот. Но оваа година ни се дава удвоена сила поради тоа што до Крстот Христов е и Пресветата Богородица, односно во Крстопоклона Недела се слави и Благовештението на Пресветата. Затоа, со особена радост ве покануваме заедно достојно да го одбележиме, стои во објавата на Бигорскиот манастир, под чии закрила е и овој манастир.

Акатистот на Пресвета Богородица ќе биде денеска во 19 часот, утре во 16 мала вечерна, а сеноќното молитвено бдение ќе започне во 20:30 часот, додека Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне во недела, во 9 часот.

  • На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и игумен, епископ Антаниски г. Партениј, се додава во објавата.

Сестра Харитина, старешинка на манастирот „Пресвета Богородица-Пречиста“ – Кичево, за МИА рече дека во чест на празникот Благовештение, кој е христијански празник на жената, сестринството подготвило многу интересни содржини за сите присутни.

  • Посебна чест ни е тоа што ќе имаме прилика на секоја жена, мајка, девојка, да и подариме картичка со икона од Пресвета Богородица, во спомен на Благовештението на Мајката Божја кој е хростијански празник на жената и мајката, вели сестра Харитина.

Како и изминатите години и овој пат се очекува масовно присуство на верници од сите делови на државава, во овој познат средновековен манастир во близина на Кичево, а кој е основан 1316 година.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 11 минути

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 38 минути

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 2 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 2 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 17 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 19 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 21 час

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 24 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена