Breaking News

Утрово студено со минусни температури, поладне сончево и потопло


Утрово ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.


Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.


Во Скопје наутро многу студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 5 степени.

И утре ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури. Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и дневните температури. сст/мд/