Макаби на мегдан со Панатинаикос, Басконија и Виртус во борба за последниот билет за плеј-офот

Екипата на Макаби Тел-Авив е претпоследниот учесник во евролигашкиот плејоф откако вечерва на „домашен“ терен во Белград забележа убедлива победа против Басконија од 113-85. Тоа значи дека претставникот на Израел во четвртфиналето за противник ќе го има грчкиот Панатинаикос.

За екипата на Басконија постои уште една, последна, шанса за влез во одбраното друштво на најдобрите осум екипи во Европа бидејќи во последниот меч од плејинот ќе игра против Виртус Болоња, екипа која вечерва го победи Анадолу Ефес со 64-67 на гостински терен.

Победникот од дуелот помеѓу Басконија и Виртус Болоња за противник во четвртфиналето од плејофот ќе го има составот на Реал Мадрид, кој заврши како прв во регуларниот дел од евролигата.

- Оглас -

Најнови вести