Манчестер Јунајтед ќе ја зацврстува одбраната со фудбалер на Кристал Палас

Манчестер Јунајтед „лута“ по заминувањето на Сер Алекс Фергусон од клубот во 2013 година. Оттогаш на „Олд Трафорд“ поминаа бројни тренери и фудбалери не успевајќи да постават конзистентност и да го вратат клубот во битката за најголемите трофеи.

Навивачите се надеваат дека ситуацијата во клубот конечно ќе се промени со превземањето на оперативниот дел од страна на најбогатиот Британец, Сер Џими Ратклиф кој на крајот на 2023 година откупи 25 отсто од акциите во клубот.

Престојното лето се очекува „ремонт“ на „Олд Трафорд“ и бројни заминувања, но и нови фудбалери кои треба да донесат стабилност. Акцентот ќе биде ставен на одбраната, а во тој поглед раководството на тимот има една голема трансфер желба, пренесуваат англиските медиуми.

Станува збор за фудбалерот на Кристал Палас, Марк Гуехи. Поранешниот младинец на Челси е дел од лондонскиот клуб од 2021 година каде пристигна за 21 милион евра, а со добрите настапи го примими погледот на гигантите. Оваа сезона има 26 настапи во Премиерлигата, а во моментот се рехабилитира од операција на коленото.

За неговите услуги Кристал Палас бара 60 милиони евра, а се чини дека Манчестер Јунајтед ќе мора да ги прифати условите на клубот со оглед на тоа што интерес за негов ангажман покажа и Арсенал.

Се вчитува...