Или ќе му помогне на ПСЖ да се најде во полуфинале, или Мбапе јавно ќе објави дека си оди

Килијан Мбапе е исправен пред голем предизвик, да го предводи својот тим до пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. На ПСЖ ќе му треба победа на гостувањето кај Барселона, а тоа нема воопшто да биде лесно со оглед на случувањата на првата средба, која Каталонците во Париз ја добија со 3-2.

Мбапе потфрли на првиот меч против Барса и се покажа дека тој не е во форма и ПСЖ се мачи. Вечерва Мбапе може да го одигра својот последен европски меч во дресот на ПСЖ. Има најави дека ако Светците бидат елиминирани, Мбапе и самиот јавно ќе го потврди тоа што им го кажал неодамна на челниците на ПСЖ, дека летово си оди од клубот.

На ПСЖ ќе му треба разигран Мбапе за да стигнат до полуфиналето, во спротивно, тука ќе биде нивниот крај на патувањето во ЛШ сезонава. Мбапе на своето претходно гостување кај Барс, направи хет-трик, а квотата во Sport Life дека вечерва Французинот ќе даде барем еден гол, е 2.00.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести