Барди го одигра целиот меч, но Трабзонспор му дава шанса на Бешикташ да го стигне на табелата (Видео)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди не успеа да му помогне ги одигра сите 90 минути за Трабзонспор во дуелот од 32-то коло против Сиваспор кој неговиот тим го загуби со минимални 1:0.

Барди ги одигра сите 90 минути за својот тим кој остана на третото место на табелата во турската Супер лига со 52 бода, кој со поразот му дава шанса на Бешикташ да се врати во игра за третата позиција. Бешикташ е четврти со 47 бода, но има натпревар помалку од Транзонспор.

Единствениот гол на мечот го постигна Квинси Мениг во 53-тата минута.

Барди во 2024 година е редовен во првиот тим на Трабзонспор, на последните десет меча на неговиот тим, македонскиот репрезентативец на осум ги одигра сите 90 минути.

- Оглас -

Најнови вести