Вести Економија Македонија Топ вести

Цените нема да дивеат во наредните два месеца, но во индустријата нема кој да работи

Во следните два месеца цените на прехрамбените производи ќе мируваат. Ова се очекувањата од Агро- бизнис комората. Велат, веќе извесен период има раст на цената на житото на светските берзи, но за сега тоа нема да се прелее на домашен терен.

Сепак, по овој краток период во кои се очекуваат стабилни цени ќе се прави нова анализа, затоа што од една страна е руско- украинскиот конфликт, а од друга состојбата на Блискиот Исток од која пак најмногу зависи цената на нафтата.

„Утрово читав дека можеби Израел ќе го нападне оној дел Рафа. Повторно започнување на војна директно имплицира зголемување на цена на нафта. Раст на цена на нафта е потенцијална можност за повисоки цени на суровини за прехранбена индустрија“, вели Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комора при ССК.

Во лошата ликвидност на фирмите и постојаниот одлив на кадар, бизнисот гледа поголем проблем од она што може да се случува со цените.

„Се соочуваат со недостаток на финансии. Банките тешко одобруваат кредити и тешко овозможуваат да имаат пристап до финансии со соодветно ниска цена. И повеќе притисок се чувствува од страна на недостатокот на човечки ресурси во компаниите“, додава Ѓорѓиевски.

Во меѓувреме, статистика излезе со нови бројки за инфлацијата. Во април годинава во однос на април лани, таа е повисока за 4 отсто.

Од бројките може да се види дека повторно кај цените на овошјето и зеленчукот има најголем раст. Помало зголемување има кај цените на млекото, сирењето, јајцата и лебот.

Статистички инфлацијата паѓа, но граѓаните и пред велигденските празници коментираа дека тоа не може да се забележи во нивното секојдневно пазарење.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе