Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина

Од:

Руската православна црква повеќе не се обидува да ја повика Украина на прекин на огнот, вклучително и за време на Велигден, бидејќи украинските власти не го ценат тоа, изјави денеска потпретседателот на Синодалниот оддел за односи на црквата со општеството и медиумите, РПЦ Вахтанг Кипшиџе.

„Руската православна црква веќе повика на Божиќно примирје на почетокот на 2023 година, кога Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил повика на прекин на огнот за време на божиќните богослужби, но таа иницијатива не беше почитувана од украинските власти“, посочи Кипшиџе.

Тој додаде дека РПЦ оттогаш не пробала ништо слично, бидејќи, како што тврди, ваквите иницијативи се „бесмислени“, пренесува Тас.

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина