Резултат на личната одлука на Османи

Објавил: Калина Мартинска | 20 април, 2024 17:24

Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница

Фото/Текст извор: ©sitel.mk

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, првпат јавно ја коментираше одлуката на Македонија да биде еден од коспонзорите на резолуцијата за прогласување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Во телевизиско гостување рече дека предлог-резолуцијата за Сребреница е идеја на Германија поддржана од најмоќните членки на НАТО, вклучувајќи ги и САД.

„Најдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Гледам дека им се придодава и Северна Македонија, на основа на одлуката пред се на албанското раководство. Потполно е сеедно чие е, станува збор за Северна Македонија,така што нема голема филозофија. Им благодарам за тоа што го направија, веројатно сме заслужиле со сè што направивме за пријателството со Северна Македонија“ – Александар Вучиќ, претседател на Србија

Според Вучиќ многу повеќе земји ќе гласаат против резолуцијата и нагласи дека исходот од гласањето нема да биде онаков каков што очекува Западот.

На оваа тема српскиот претседател денеска разговарал и со Американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан. Тој, пак, рече дека бил дел од тимот што ги истражувал убиствата. Вели направено е злосторство и многу сторители беа истражени и осудени

„Мораме да се соочиме со вистината. И тогаш бевме партнери и понатаму треба да бидеме партнери“ – Џејмс О’Брајан, Американски државен секретар за европски и евроазиски прашања

Во меѓувреме, Европската Унија го осуди негирањето на геноцидот во Сребреница на митингот во Бања Лука.

„Оспорувањето на детално утврдените факти за геноцидот во Сребреница е историски неточно, создава дополнителна болка и траума за семејствата на жртвите и ја отежнува клучната задача: изградба на мостови и помирување“, се вели во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Пред два дена македонскиот министер за надворешни Османи рече дека лично одлучил Македонија да биде една од земјите иницијатори и автори на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, што предизвика лавина негативни реакции во домашната јавност.

Види и ова:

Големи реакции по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија


По овие најави веднаш почнаа градоначалници од редовите на Српската напредна партија да поднесуваат оставки. Тоа денес го направи и градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој најави дека формално се повлекува од таа функција, но дека посветено и посветено ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка на довербата на граѓаните, соопшти градската управа.

„Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на белградско ниво“, изјави Шапиќ.

Овие најави доаѓаат по трагичните настани на северот на Косово, убиството на еден косовски полицаец и елиминацијата четворица луѓе од бунтовничката српска група. Јосип Јуратовиќ, шеф на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, во интервју за „Данас“ рече дека „прогласувањето ден на жалост за делата извршени од страна на паравоените структури од страна на Србите во Косово предизвика огромно згрозување не само во регионот, туку и во целиот свет. Дотолку повеќе што српските институции со прогласувањето на загинатите членови на паравоена организација ги поттикнуваат младите да направат сличен чин бидејќи тоа го гледаат како херојство. Овие убиени млади момци не се херои, туку жртви на неуспешните политики изградени врз лажни митови, кои триесет години ја прикажуваат Србија како недоверлив партнер“.

Тој оценува зошто дојде до оружената пресметка во селото Бањска.

„Очигледно е дека кој и да стои зад тој обид за неуспешен бунт на Србите во Косово, дека Вучиќ долгорочно ја создаде климата и беше само прашање кога ќе се случи нешто слично. Концентрацијата на моќ акумулирана од Александар Вучиќ дојде за наплата, бидејќи тој ја изгуби контролата врз целиот режим што самиот го создаде и стана жртва на сопствените амбиции“, вели Јосип Јуратовиќ.

Србија оди на избори на 17 декември

Шефот на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ, изјави...

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Растат платите во Србија

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра. Владата...

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...

„ Тие се повикуваат на Резолуцијата 1244 каде ја нагласуваат својата улога, но не се повикаа на делот од Резолуцијата каде што е можно да го одбијат, такво нешто не постои. Некој доволно паметен тоа им го составил, бидејќи тие немаат право да го одбијат тоа барање, знаеле дека немаат на што да се повикаат, но се повикаа на позтивната норма дека имаат право и обврска да го чуваат редот и поредокот. “-Александар Вучиќ – претседател на Србија

Во меѓувреме, неколку илјади Срби излегоа на протест во Штрпце поради пукањето врз двете српски момчиња Стефан и Милош Стојановиќ кое се случи пред два дена од страна на припадник на косовската полиција..

Од партијата Српска листа која е организатор појаснуваат дека нивното незадоволство е поради бруталните обиди за убиство на српските момчиња, но и за континуираната антисрпска репресија. Градоначалникот на Штрпце Далибор Јефтиќ пред присутните кажа дека е време меѓународната заедница да го вразуми косовскиот премиер Курти...

„ Резултатот на политиката на актуелната власт во Приштина доведе до тоа поединци да мислат дека може слободно да пукаат во нашите деца, тоа е најголемиот проблем. И затоа, пораката е до преставниците на меѓународната заедница уште еднаш да го вразумат Курти да престане да ги напаѓа нашите деца. Како што ви кажавме вчера, децата нема да ги ви простиме. “-Далибор Јефтиќ – Градоначалник на општина Штрпце

На приодот кон Штрпце за време на протестот беа присутни неколку патроли на косовската полиција и КФОР.

КФОР го одби барањето за враќање на српската војска на Косово

Белград доби негативен одговор од КФОР за барањето за враќање на 1.000 српски војници...