Левица им нуди на македонските партии да потпишат „македонска платформа“


 

На десет дена пред изборите Левица испрати понуда до македонските партии да потпишат заедничка платформа со која ќе им се спротивставеле на партиите на Албанците. Тој документ Левица го нарекува „македонска платформа“ и намерата е да се утврди национален консензус да се спречеле „постојните уцени при составување влада, кои доаѓаат од партиите на албанското малцинство (потписници на тнр. Тиранска платформа)“, Целта на оваа платформа би била да  „да се запре понатамошното разградување на Македонија и нејзино претворање во полупротекторат“.

Платформата би имала пет главни точки: унитарност (надминување на консоцијацискиот бинационален модел на држава), oрганизирање на Македонија во една изборна единица и забрана на чисто етнички партии; распуштање на историската комисија и цврсто не за внесување на Бугарите во Уставот, строго одделување на верските заедници и религиозни групи од државата и нивно одданочување; и контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации.