19 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМАЖИТЕ СЕ СРАМАТ ДА ГО ПРИЗНААТ ОВА, А ТОА МОЖЕ ДА ИМ...

МАЖИТЕ СЕ СРАМАТ ДА ГО ПРИЗНААТ ОВА, А ТОА МОЖЕ ДА ИМ СПАСИ ЖИВОТ! Препознајте ги раните симптоми на срцев удар

Повеќето срцеви удари започнуваат без предупредување, но има некои рани знаци на кои треба да внимавате.

Според истражувањата, половина од мажите на возраст меѓу 40 и 70 години ќе доживеат еректилна дисфункција, а студиите покажаа врска помеѓу еректилната дисфункција и срцевите заболувања.

Барометар за кардиоваскуларно здравје

Општиот лекар, д-р Хилари Џонс, истакнува дека машкиот генитален орган може да биде „барометар на кардиоваскуларното здравје на мажите“. Токму затоа е важно да се истражат причините за еректилната дисфункција и да се провери вашето интимно здравје.

Влијание на затнати артерии

Ако артериите на мажот се затнати со холестерол, пушење, лоша исхрана или недостаток на вежбање, тоа може да влијае на крвните садови низ телото, вклучувајќи го и срцето. Крвните садови во машкиот генитален орган се мали, па затнувањето се случува побрзо отколку во другите делови од телото, што може да го зголеми ризикот од срцев удар.

Симптоми на срцев удар на кои треба да внимавате

Дејвид Њуби, професор по кардиологија, истакнува дека срцевиот удар обично се опишува како тежина, стегање или притисок во градите, а може да се почувствува и болка во вратот, вилицата, грбот, рацете или стомакот.

Исто така, раните симптоми вклучуваат напади на паника или анксиозност, заматен вид, гадење, варење и повраќање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП