Податоците се однесуваат на пребројани 9,61% од избирачките места и 2,8% од гласачите
ВМРО-ДПМНЕ има предност од 4:1 пред владејачкиот СДСМ, брифираат од најголемата опозициска партија. Од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ пребројале дека нивната партија, по пребројани 9,61% од избирачките места и 2,8% од избирачите, досега има освоено 20 713 гласа, наспроти 5 857 гласа кои ги добил СДСМ.
Следува листата на освоени гласови, според брифингот од опозициската партија:
- ВМРО-ДПМНЕ – 20 713;
- ЕВРОПСКИ ФРОНТ (ДУИ) – 7 552;
- СДСМ – 5 857;
- ВЛЕН – 4 100;
- ЛЕВИЦА – 1 771;
- ЗНАМ – 1 522.