Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Вредни награди за младите охридски виолинисти и хармоникаши на Државниот натпревар во Битола

Охрид, 27. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти и 26-ти април 2024 година, во Битола се одржа Државен натпревар во организација на Здружението на музички и балетски педагози.

Охридските виолинисти од класата на проф. Елица Рашкова ги освоија највисоките, една Прва Специјална награда и 2 Први награди.

Наградени:

– Виктор Србиноски – Прва Специјална награда,
– Стефан Баракоски – Прва награда и
– Емилија Лушеска – Прва награда.

Охридските хармоникаши од класата на проф. Филип Гавриловски ги освоија највисоките, една Прва награда и 1 Втора награда.

Наградени:

– Стефан Таштаноски – Прва награда и
– Михаил Стојаноски – Втора награда. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука