Алонсо решил без пораз да освои титула: Голем триумф на Баер Леверкузен, падна Баерн!

Баер Леверкузен им приреди големо изненадување и радост на своите фанови, „фармацевтите“ вечерва беа подобри од трофејниот Баерн Минхен и еден од фаворитите за титулата во Бундеслигата.

„Фармацевтите“ на Чаби Алонсо сезонава играат како во транс, а најдобар доказ за нивната извонредна форма е денешниот триумф против Баерн Минхен. По оваа победа, Леверкузен дополнително им побегна на Баерн Минхен на табелата и сега имаат пет бодови повеќе.

Далеку од тоа дека Баерн Минхен ќе се откаже од титулата, но сите погледи сега по оваа победа се свртени кон Баер Леверкузен, кои по една ваква победа, навестуваат дека можеби се подготвени за титула во Бундеслигата.

Станишиќ, Грималдо и Фримпонг беа главните актери во вечерашниот триумф на „фармацевтите“, додека Баерн Минхен со Томас Тухел ќе мора да прават многу корекции и исправки во играта доколку сакаат да се вратат на победите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО