ChatGPT знае да чита на македонски јазик

ChatGPT има опција за Read Aloud и тоа одлично функционира на англиски и другите поголеми јазици, но што е со македонскиот јазик?

Како што веќе знаеме сите, ако му поставите прашање на ChatGPT на македонски јазик, тој ќе ви одговори со (речиси) совршен македонски. Некогаш прави грешки.

Прво треба да одберете еден од гласовите со кои располага ChatGPT.

И потоа ја изберете опцијата за Read Aloud.

Тогаш вашиот текст ќе звучи вака:

Доста задоволително, акцентот не е баш најдобар и го меша со другите сродни јазици, што е особено очигледно кога треба да прочита бројки напишани со цифри.

Воочивме други проблеми кога треба да прочита изолирани букви. ChatGPT совршено (и подобро од другите модели, за што имаме зборувано порано) ја знае македонската азбука, но ако треба да ја прочита, настанува колапс.

Колку за споредба, Edge прелистувачот на Microsoft има совршена read-aloud опција за македонски јазик која е многу природна и точна. Кога ги чита буквите посебно и таа по малку се мачи, сепак буквите се точни.

Треба да се земе во предвид дека македонскиот јазик кај ChatGPT е трениран на поинаков начин и не конкретно за нашиот јазик и изговор, како во случајот со Edge. Сепак, зачудувачки е тоа што со петте опции за јазик можете да „читате“ на кој било светски јазик, а целата технологија се чини фасцинантна и во иднина ќе станува се подобра.

Се чини дека сме на повидок на технологија која во минатото била дел од СФ приказните, како „Вавилонското рипче“ од „Автостоперски водич низ галаксијата“, со таа разлика дека не мора да си ставите имплант (живо рипче!) во увото, па со тоа многу и полесна за користење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *