Search
Во чест на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов

Изложба на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски во „Порта џез“ во Битола

Во вторник, на 30 ти април во во 12 часот во кафе бар „Порта џез“ во Битола во организација на Урбана Агенда на МКЦ-Битола – поддршка на независната културна сцена ќе се отвори изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски.

Изложбата е посветена на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов (1972 – 2024).

Фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано спојување помеѓу визуелна и аудитивна (музичка) импровизација специфична за џез музиката. Фотографии направени од фестивалите: ПМГ Рекордингс и Крај Вардарот Џез.

Во својот најнов фотографски опус, реномираниот режисер и фотограф Глигор Кондовски приоѓа апстрактно. Изнаоѓајки визуелни решенија надвор од границите на дотогашните индивидуални и глобални фотографски тенденции, тој ги поместува своите внатрешни граници и ја ослободува вештата рака. Во таа целосна слобода и предаденост во самиот чин на фотографирање, флуидноста на уметничкиот момент го носи во најсовремен фотографски израз. Фотографијата не е повеќе фотографија, таа е цртеж и слика. Преодот на ова високо фотографско ниво е свесно обмислен, а не просто-интуитивен, иако неговиот фотографски инстинкт никогаш не може да го излаже.  

Проектот Урбана Агенда е поддржан од Швајцарската Амбасада во Скопје.

Најново

Последни колумни