Албанската министерка за надворешни работи утре во посета на Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Отља Џачка утре ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Tеми на разговор на средбата меѓу министрите Османи и Џачка се очекува да бидат посветеноста на двете земји за одржување на високото ниво на билатералната соработка, пристапниот процес за членство на двете држави во ЕУ, соработката во рамките на НАТО и регионалната динамика, со посебен осврт на неодамна постигнатиот договор меѓу Косово и Србија.

Покрај средбата со нејзиниот хомолог, предвидено е Џачка да оствари средби и со: Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Собранието, Талат Џафери и Првиот Заменикпретседател на Владата, Артан Груби.

Слични содржини