Тотално лудило: Баер Леверкузен пак се спаси од пораз во последната секунда

SМитот за непобедливоста на Баер Леверкузен продолжува по уште еден неверојатен натпревар на „фармацевтите“, кои во драматичен финиш се спасија од негатива од 0-2 и стигнаа до реми од 2-2 на домашен терен против Штутгарт. Една седмица откако во 98. минута дојдоа до бод во Дортмунд против Борусија, избраниците на Чаби Алонсо денеска со нов гол во последните секунди, преку Андрик во 96. минута го избегнаа првиот овосезонски пораз.

Алонсо реши да тактизира со составот, па остави на клупата неколку стандардни првотимци на чело со Фабијан Вирц. Првиот дел заврши без голови, но Штутгарт потоа го шокираше новиот германски првак со два брзи гола на стартот од второто полувреме, преку Фунрик во 47. и Ундав во 56. минута.

Домашниот стратег реагираше уфрлајќи ги Бонифејс и Вирц, Баер долго се мачеше при 1-2 (гол на Адли), а кога се чинеше дека поразот е неизбежен еден гостински дефанзивец наивно направи прекршок од позиција на скратен корнер. Вирц уфрли, се создаде мешаница, а топката дојде до Андрик кој од пет метри крај шума од нозе го најде патот до мрежата.

Со овој гол, продолжува серијата на непобедливост на Баер Леверкузен која во моментов изнесува 46 натпревари.

Се вчитува...