АНАЛИЗА: Историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и историски дебакл на СДСМ

А

Големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на првиот круг од претседателските избори е главна тема низ регионот.

Македонија 25.04.2024. 14:04
Претседателски кандидати

Добрата програма на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ја предводеше најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ во историјата додека оваа партија е во опозиција.

Сѐ поизвесно е дека Христијан Мицкоски ќе биде иден премиер на Македонија, а во Вила Водно ќе се смести кандидатката Гордана Силјановска Давкова.

Втор круг меѓу Силјановска Давкова и Пендаровски

Кандидатите Силјановска – Давкова и Пендаровски одат во вториот круг од претседателските избори. Силјановска – Давкова во вториот круг влегува со повеќе од двојна предност пред нејзиниот опонент, Пендаровски.

Кандидатката Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се заблагодари за поддршката, истакнувајќи дека без граѓаните нема горда Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, рече дека ова е жолт картон за власта, а на 8-ми мај мора да следува и црвениот.

Резултатите од изборите не се онакви какви што очекувавме, но нема откажување, рече претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и од коалицијата Стево Пендаровски.

Истакна дека е убеден оти мнозинството граѓани во вториот круг ќе се определат за неговиот концепт за европска Македонија, а не за изолација. И лидерот на СДСМ, Ковачевски, призна дека првиот круг е тежок удар за партијата, но оти нема да се предадат, во вториот круг ќе се борат да ги убедат граѓаните да дадат поддршка за европска Македонија.

Се разгори албанскиот блок

Претседателскиот кандидат на ДУИ, Османи, освои над 40 илјади гласа повеќе од неговиот опонент од албанската опозиција, Таравари. За Османи, победата на „Европскиот фронт“ е локомотива за европската иднина на земјата. Кандидатот за претседател на здружената албанска опозиција, Таравари, изјави дека разликата во гласовите не е голема. Истакна дека во сите изборни единици со мнозинско албанско население ДУИ има предност од само три до четири илјади гласови.

ЗНАМ испиша историја

Кандидатот од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, изјави дека нивните поддржувачи ја испишале новата историја на македонската политичка сцена и оти нивната партија станува трета политичка сила.

Дебакл доживеа и Левица

Ја нема жестокоста кај Билјана Ванковска и Димитар Апасиев. Најавите за победа на нивната кандидатка магично исчезнаа.

Кандидатката на „Левица“, Ванковска, верува оти авангардното население гласале за неа. Кандидатот на ГРОМ, Јакимовски, кој освои најмалку гласови од сите седуммина кандидати, го призна поразот, истакнувајќи дека не очекувал ваков исход од изборите.

 

 

 


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст