Новак се откажа од уште еден турнир, се уште не се враќа на терените

од Симе Стоиков

Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ и оваа година нема да игра на Мастерсот во Мадрид.

Ваквата одлука беше донекаде и очекувана бидејќи се претпоставува дека српскиот тенисер ќе го игра Мастерсот во Рим.

Србинот годинава одигра само еден турнир на земјена подлога, а тоа беше во Монте Карло каде по девет години стигна до полуфиналето.

Освен тоа, од почетокот на годината играше на два други турнири и стигна до полуфиналето на Австралија опен и третото коло на Мастерсот во Индијан Велс.

Инаку Ѓоковиќ последен пат играше на Мастерсот во Мадрид во 2022 година, каде во полуфиналето загуби од Шпанецот Карлос Алкараз со 6:7 (5:7), 7:5, 7:6 (7:5).

Шпанските медиуми пренесуваат дека Ѓоковиќ се уште не се огласил, но додаваат дека најдобриот тенисер во главниот ждреб ќе го замени Французинот Лук ван Аш. Ждрепката ќе се одржи на 22 април.

Слични содржини