Левица: Тревниците неискосени, општината претворена во змијарник, а Тимчо го нема

Од:

Ова е веќе трета огромна змија на територијата на општина Аеродром за која жителите сведочат. Тревниците во парковите сѐ уште се неискосени, општината е претворена во змијарник, а Тимчо и ДПМНЕ си тераат кампања безгрижно, се вели во партиското соопштение од Левица.

„Катастрофата за општина Аеродром со име Тимчо поради негрижата ги става во опасност животите на децата на жителите на Аеродром. Веќе трета година од неговиот мандат се повторуваат истите грешки и негрижа за зелените површини во урбаниот дел од општината, при што општината е претворена во змијарник, а огромна змии почнаа да никнуваат како печурки.

Апелираме идниот министер за надворешни во најава Тимчо Муцунски да се свести и да почне да се грижи за општината барем во последните неколку месеци од неговиот нецелосен мандат. Полош градоначалник нашата општина нема видено до сега за жал. Се надеваме дека жителите конечно ќе се свестат и на наредните избори ќе ги казнат двете узурпаторски и криминални партии ДПМНЕ и СДС и ќе изберат градоначалник кој навистина си ја сака општината и е спремен да се грижи за сите жители на О. Аеродром“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Левица повикува да се потпише Македонска платформа: „Една изборна единица и распуштање на историската комисија“

Катерина Ѓуровски

Апасиев од Штип: На парламентарните избори очекуваме од осум до дванаесет пратеници

(ВИДЕО) Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Делегација на Левица оддаде почит за загинатите од 2001. кај тетовско Вејце

Горан Наумовски