Орбан му честита на Путин за победата на изборите

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитка до рускиот претседател Владимир Путин за неговата победа на изборите, на кои освои повеќе од 87 отсто од гласовите.

„По официјалните резултати од изборите, премиерот Виктор Орбан му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор, истакнувајќи дека соработката меѓу Унгарија и Русија, заснована на взаемно почитување, овозможува важни дискусии дури и во предизвикувачки геополитички контексти. Премиерот Орбан ја потврди посветеноста на Унгарија за мир и подготвеноста за интензивирање на соработката во секторите кои не се ограничени со меѓународното право, подвлекувајќи ја важноста на дијалогот за поттикнување на мирните односи, напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Х.

Унгарија одржува поблиски односи со Русија од другите земји-членки на ЕУ.

Поврзани новости