Реми без голови на полувреме дефинитивно е во мода на СП во Катар

Селекциите на Белгија и на Мароко потврдија дека 0:0 на полувреме е најчестиот резултат на натпреварите од групната фаза на Светското првенство во Катар, иако Мароканците постигнаа гол во судиското продолжение.

Хаким Зијех постигна гол од слободен удар, но судијата по прегледување на ситуацијата, го поништи поради офсајд.

Денеска без голови на полувреме беше и на првиот меч меѓу Јапонија и Костарика, а вчера немаше голови по 45 минути игра на два од четирите натпревари.

Во петокот исто така на два меча немаше голови по првиот дел, а вистински куриозитет се дуелите во четвртокот кога на сите четири имаше „компири“ по првото полувреме.

Белгијците подобро го започнаа натпреварот, се заканија преку Батшуаи и Онана, додека Мароканции тргнаа поофанзивно кон средина на првиот дел. Хаким Зијех во 21-та минута ја имаше првата шанса, но неговиот шут заврши над голот, а слично заврши и шутот на Ашраф Хакими.

- Оглас -

Најнови вести