Фановите го навредуваа Ембид, тој одговори: Разочаран сум, не треба да ми се случува вакво нешто (ВИДЕО)

Филаделфија е на пораз од елиминација од плеј-офот на НБА лигата откако изминатата вечер Њујорк славеше и во четвртиот меѓусебен натпревар со 97-92.

Трагичар за Филаделфија беше Џоел Ембид кој го заврши натпреварот со вкупно 27 постигнати поени, но само еден од нив дојде во последната четвртина во која беше одлучен победникот. Центарот реализираше само едно слободно фралање, а промаши пет обиди од поле.

Интересно, натпреварот го одбележаа и фановите на Њујорк кои и покрај тоа што играа на гостински терен ја преполнија „Велс Фарго“ арената и тоа на големо незадоволство на Ембид извикувајќи погрдни зборови кон камерунскиот центар, по што следеше и реакција од Ембид по натпреварот.

„Големо разочарување… Ги сакам нашите навивачи и не ги прозивам, но ова е навистина разочарување. Јасно е дека Њујорк има голема фан база и дека се блиску, но никогаш немам видено вакво нешто, а тука сум десет години. На некој начин полудев бидејќи сметав дека Фила е спортски град. Секогаш се тука за нас. Мислев дека вакво нешто не би требало да ми се случи. Не е во ред“, изјави Ембид.

Се вчитува...