Регион

Ставено во употреба инклузивното игралиште во клонот 3 на градинката „Детска радост“ во Струмица

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска, и официјално го отворијаинклузивното игралиште во клонот 3 на градинката „Детска радост“ во Струмица и беа поделени дополнителни играчки на дечињата.

,,Плод на успешната соработка со Министерството за труд и социјална политика е и новата градинка „Виножито“, најголема во државата и прва во Струмица по 40 години, а за чија инфраструктура општината вложи 20 милиони денари.Продолжуваме и оваа година со новата сервисна улица која што не само што е важна за новата градинка, туку и за граѓаните кои живеат во населбата Касарна,, напиша граодначалникот Костадин Костадинов

Препорачуваме:

Се распламтува болеста чвореста кожа, вакцини се уште се чекаат а на сточарите им се забранува и продажба на млекото.

УТРЕ НЕРАБОТЕН ДЕН за православните

Ѓ. K.

Саем за книга на отворено во Струмица