[Фото] „Сепак се врти“ – целодневен музички фестивал во скопскиот Градски парк

Луѓе на ќебенца, сонце, кафе и по некоја лименка пиво и музика, многу музика – вака изгледаше денес просторот пред летната сцена „Лепеза“ во скопскиот Градски парк каде се случуваше музичкиот фестивал „Сепак се врти“.

Фестот стартуваше во 13 часот, а на сцената настапија младите музичари и бендови: „АТА“, „Црно собрание“, Conspirasy“, „Ендемски вид“, Јоана Ристеска, „Кокиче“, „Кенопсија“, „КЕМ“, „Lost in Reverie“, „Огнен Златанов“, „Peach Vice“ и „Vagina Corporation. Иако журката уште трае, а треба да биде до полноќ, во продолжение пренесуваме дел од денската атмосфера.

 

Фестивалот е во организација на независниот музички колектив „Гола планина“. Влезот беше со донации, за што наместо билет имаше стикер со дизајнот „Сепак се врти“.

Ангела Бошкоска