Ученици, родители и наставници од ОУ „Григор Прличев“ заеднички му оддадоа почит и достоинствено го одбележаа 25 Март, денот кога Григор Прличев се закити со лаворовиот венец.

По идеја на Советот на родителите на Прличевци, а во соработка и реализација со училиштето и наставничкиот кадар се одржа поетскиот перформанс „Прличева визита во стихови“ во просториите на училишната библиотека.

Преку рециритање на стихови од и за Прличев, ја истакнаа големината на успехот со поемата ,,Сердарот”, кој бил молњевит и ненадеен и за самиот него. Сосема непознат, малечок пред големите имиња, но со јасна надеж дека ќе успее со малата поема, велат од училиштето.

За овој успех, потенцираат од училиштето, со големо внимание и на оригинален начин „Прличевата визита во стихови“ покажа многу емоции, преку пишан збор, драматизација, раскажување за неговиот живот, разговор меѓу присутните и прекрасна визитарска атмосфера закитена со цвеќе, мирис на лавор, локум, музика и “лав” муабет.

Нека остане во традиција ваквата средба, а Прличевото дело нека биде вечна инспирација и предизвик, додаваат од училиштето.

OhridNews